Придобивки од пиењето сок од аронија

Аронијата спаѓа во родот на листопадни грмушки, а географски потекнува од Северна Америка. Растението е раскошно и бујно и обично расте од 1 до 6 метри. Расте во близина на мочуришта и шуми, а кај нас единствен услов за одгледување на домашната аронија е влажноста на почвата. Аронијата спаѓа во родот на листопадни грмушки, а географски потекнува од Северна Америка. Растението е раскошно и бујно и обично расте од 1 до 6 метри. Расте во близина на мочуришта и шуми, а кај нас единствен услов за одгледување на домашната аронија е влажноста на почвата.




Аронијата и нејзините производи се погодни за целото семејство
Прашањето кое често се поставува во врска со сокот од аронија и другите производи од ова овошје е дали децата смеат да го консумираат. Одговорот е да. Возрасните можат да пијат до три мали чаши од овој сок. Се препорачува луѓето со ослабен имунитет и оние кои се склони кон чести настинки да пијат 3 мали чаши сок од аронија половина час пред секој оброк.




Децата смеат да пијат половина од таа количина. Оние пак, кои немаат проблеми со имунитетот, можат да пијат по една чашка дневно. Ако децата одбиваат да го пијат сокот, постојат други варијанти како мармалади од аронија.




Зошто да пиете сок од аронија?
Аронијата е позната по големата количина на антиоксиданси благодарение на состојките како танин, антоцијаните и флавоноидите. Аронијата помага при главоболки и мигрена бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови. Доколку страдате од мигрена, сокот од аронија е вистинското решение за вас. Сокот од аронија треба да го пијат исто така сите луѓе со висок крвен притисок бидејќи го намалува, но тоа не значи дека лицата со низок притисок не треба да го пијат. Сокот од аронија може да биде и дел од терапијата на луѓето кои доживеале срцев и мозочен удар. Може да се заклучи дека аронијата ја зајакнува циркулацијата, го штити срцето и го регенерира мускулното ткиво.