Природен лек за искашлување – стар 100 години

Ефикасен и едноставен лек од природни состојки се покажа како одличен кога е во прашање искашлувањето.




Овој природен лек може да го користат и деца и возрасни. За негова подготовка ви се потребни состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна, а дозата се подготвува секојдневно. Се пие наутро и навечер, а после само неколку дена ќе почувствувате олеснување и кашлањето ќе се намали, а слузот полека ќе го исфрлате од белите дробови.




Потребни состојки:
– 1 лимон;
– 2 лажици вода;
– 2 лажици мед;
– 2 лажици маслиново масло.




Подготовка:
Лимонот пресечете го на половина, па исцедете го. Потоа додадете ги водата, медот и маслиновото масло. Сето тоа добро измешајте го и пијте двапати на ден.




Лекот нема непријатен вкус, лесен е за пиење, а подеднакво е добар и кога се децата и кога се возрасните во прашање.




Веќе по неколку дена кашлицата се смирува, а најчесто не се враќа барем во следните неколку месеци. Доколку не се подобрите по 3-4 дена, треба да посетите лекар и да се консултирате со него за продолжување на лекувањето.