Природен лек против реума

Мешавина од маслиново масло и лист од орев може да биде корисен мелем кој ќе ви ги ублажи ревматските тегоби.




Болките предизвикани од реума можат да бидат многу непријатни и да ги отежнат секојдневните активности. Овие непријатни симптоми можете да ги ублажите со следново масло:
Потребни состојки:




1 литар нерафинирано маслиново масло




10 лажици исечкани листови од орев
Подготовка:




Се мешаат состојките и се чуваат во затворен стаклен сад, на топло место 30 дена, со секојдневно промешување.




По изминатиот месец дена, маслото се процедува и се мачка на болните места.