Природен мед од глуварче за имунитет и регенерација на замастен црн дроб ( РЕЦЕПТ )

Глуварчето одамна е познато и докажано како одличен природен лек и најчесто се користи за подобрување на имунитетот, како и за лекување на заболен црн дроб. Глуварчето е многу здрава билка која помага за лекување на бројни здравствени проблеми. Се користи за спречување на рак, ја одржува функцијата на црниот дроб, претставува природен диуретик, врши детоксикација на организмот и се користи за слабеење.




Ова е рецепт за приготвување на природен сируп од цветовите на глуварчето кое иако не е пчелин мед, сепак се нарекува “мед од глуварче” поради сличноста на конзистенцијата и неговата лековитост.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:




365 цветови
4 кг интегрален или бел шеќер
2 литри вода
4 лимони




ПОСТАПКА:
Лимоните добро измијте ги и оставете ги половина час во ладна вода со малку сода бикарбона. Потоа исплакнете ги и исечете ги на тркалца, извадете им ги семките и ставете ги заедно со набраните цветови од глуварче.
Смесата прелијте ја со 2 литри вода и оставете ја целата содржина поклопена да отстои 24 часа. Потоа ставете го тенџерето на оган и варете на умерена температура половина час. Потоа процедете ја содржината и добро истискајте ги цветовите и лимоните.




Во течноста додадете го шеќерот и повторно вратете на оган. Овојпат гответе еден час. Додека се вари сирупот ќе забележите дека на површината може да се нафаќа пена која е потребно да ја собирате за медот да не биде горчлив.