Пробајте вака печена риба во рерна – никогаш повеќе нема да ја подготвувате на друг начин

Можеби печењето риба на скара е највкусно, но овој начин на печење секогаш можете да го користите во вашата кујна.

Рибите како што се бранцин, платика, лосос, па дури и пастрмката се најсочни кога се печат во рерна.Рибата можете да ја испечете на скара на парчиња, но се чини дека е уште повкусна ако во рибарницата ја исечат рибата на филети. Тоа е прашање на сечиј вкус. Потребна ви е свежа риба, хартија за печење, неколку зачини и малку време.

Состојки:
свежа риба
маслиново масло
2-3 чешниња лук
малку магдонос
сол и бибер
1 лимон.

Начин на подготовка:

Измијте ја рибата и исчистете ја (обично тоа го прават во рибарница). Ако рибата не е пресечена на филети, засечете ја трипати со нож од двете страни.

Рибата премачкајте ја со масло, посолете и ставете бибер од двете страни и внатре. Исечканиот лук измешајте го со маслиново масло и лимонов сок и со тоа премачкајте ја внатрешноста на рибата, а можете да истурите и на горната површина.
Ако ви останал уште лимонов сок и маслиново масло, слободно прелијте врз рибата. Печете околу половина час, во зависност од големината на рибата и јачината на рерната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *