Прсти да излижете: Полнет леб со шунка и кашкавал кој брзо се подготвува

За вистинските гурман, љубители на лебот подготвен со разни додатоци.За овој рецепт, полнет леб со шунка и кашкавал ви е потребно следново. Но, не мора да се задржувате само на овој рецепт, затоа што филот може да биде разновиден: домати, маслинки, песто сос, артичоки, печени модри патлиџани, сирење, кашкавал, салами.




Состојки:
1 тркалезна векна леб
50 мл маслиново масло
1 лажиче оригано




1 лажиче црвен пипер
1 лажиче ситно сечкан лук
120 гр шунка
200 гр моцарела
300 гр печени пиперки во тегла




Начин на подготовка:
– Исечете го лебот вертикално, притоа внимавајќи да не го засечете до долу. Измешајте ги маслото, ориганото, црвениот пипер и лукот. Со оваа смеса намачкајте ја внатрешноста на лебот.




Секој засек наполнете го со парче моцарела, шунка и пиперка. Пиперките треба да бидат добро исцедени за да не биде лебот мокар. Лебот ставете го во тавче и во загреана рерна да се пече на 180 целзиусови степени околу 20 минути.