(РЕЦЕПТИ) Познатиот РУСКИ БИЛКАР, Дмитриј Јуровски, ја открива тајната на силниот пролетен ИМУНИТЕТ

Со настинката борете се со правилно комбинирање на храната
Најпознатиот руски билкар Дмитриј Јуровски има подготвени одговори на прашањето како да се заштитите од инфекции и да го зајакнете имунитетот со помош на природни лекови. Според овој познат билкар, нема потреба од употреба на лекови и суплементи бидејќи природата има одлично решение за превенција од настинка и грип.
Како што објаснува тој, тајната е во правилната комбинација на храна со која самиот организам создава одбранбен механизам од вируси и инфекции.

Мед и лук
Измешајте една лажица мед со една лажица ситно сечкан лук. Земате по една лажица од овој производ дневно со топла вода пред спиење.

Малини и рибизли
Во сто милилитри врела вода ставете една лажица мед, една лажица малини, една лажица црна или црвена рибизла. Оставете да отстои 15 минути. Консумирајте половина чаша пијалок три пати на ден пред јадење.

Липа и бозел
Измешајте една лажица цветови од липа со една лажица цветови од црн бозел. Полијте ја смесата со чаша вода и варете пет до десет минути. Земете една шолја топол чај дневно.

Цикорија и срченок
Во чаша врела вода додадете една кафена лажичка срченок и една лажичка мелен корен од цикорија. Почекајте половина час. Консумирајте половина чаша пијалок три пати на ден.

Урми и млеко
Полијте четири до пет свежи плодови од урма (исчистени) со една чаша млеко. Варете на тивок оган пет до десет минути. Пред спиење испијте чаша топол пијалок.

Рен и мед
Коренот од рен ситно се ренда, се става во тегла и се додава малку вода. Теглата цврсто затворете ја со капак и почекајте еден час. Потоа процедете го сокот од рен и во него ставете една лажица мед. Земајте една лажица од оваа смеса наутро и навечер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *