Рецепт за вкусни лајбици, меки како памук

Состојки:
300 мл вода
300 мл јогурт
120 мл масло




коцка свеж квасец
1 лажица шеќер
1,5 лажица сол
2 јајца
1 жолчка
околу 1000 – 1100 гр брашно




За премачкување
1 белка
сусам и маргарин




Подготовка:




Ставете го квасецот во млаката вода со шеќерот и 1 лажица брашно да запени.
Потоа додадете го маслото и јогуртот кој е на собна температура, па потоа јајцата, мал дел од брашното.
Откако ќе измешате додадете ја и солта, па понатаму месете глатко тесто со додавање на брашно.




Покријте го измесеното тесто и оставете го да се дуплира. Потоа поделете го на 20 топчиња кои ќе ги наредите во помал плех од шпоретот. Премачкајте ги одозгора со разматена белка и поросете сусам и семиња по желба.
Врз секое ставете по мало парченце маргарин. Печете ги на 200С додека поруменат.