Рецепт за пиперка во тегла без конзерванси: Зимско јадење на кое нема да можете да одолеете

На нашите простори зимата е незамислива без пиперка. Домаќинките го подготвуваат на безброј начини, а еден од омилените е кисела во тегла. Киселите пиперки ги сакаме поради нивниот фантастичен вкус и затоа што се одлична салата која се служи со различни јадења.




Затоа за вас подготвивме рецепт за кисела пиперка во тегла, а најдоброто е што не содржат конзерванси.
Од наведените состојки ќе добиете три тегли кисела пиперка.




Состојки:
1,5 месести црвени пиперки
3 лажички сол
3 чешниња лук
12 лажички шеќер
12 лажички оцет
1 литар изворска вода
зрна бибер
магдонос




Подготовка:
Измијте ги пиперките, извадете ги семките и стебленцата, па исечете ги на ленти. Наредете ги пиперките вертикално во чисти тегли.
Лукот ситно исечкајте го.




Откако ќе ја наполните теглата, додадете малку лук, зрна бибер и магдонос. Во секоја тегла ставете по една лажичка сол и четири лажички шеќер.
Истурете четири лажички алкохолен оцет во секоја тегла. Пиперките прелијте ги со врела вода, до врвот.




Теглите добро затворете ги со чисти капаци, па ставете ги во ладна рерна на 90 степени и оставете така 90 минути.
По 90 минути исклучете го шпоретот и оставете го зимувачот преку ноќ во шпоретот.
Следниот ден пиперките се готови за јадење.