Рецепт на денот: Свинско со печурки

Потребни состојки:




250 г свинско месо2 чешниња лук
1 лажица шеќер
50 г шампињони




50 мл соја сос
1 лажичка ѓумбир
2 лажички масло




50 мл бело вино
1 лажичка вегета




Начин на подготовка:




Исечете го свинското на ленти. Пропржете ги печурките. На загреано масло растопете шеќер за да добие светло-кафеава боја. Тргнете го садот од шпорет, додајте месо, промешајте и прелијте со 200 мл вода. Додајте печурки, лук, ѓумбир, соја сос, масло и вегета. Динстајте на умерена температура додека да омекне месото, а пред крајот додајте вино.