Рецепт од вистинските мајстори на Штипската пастрамајлија

Состојки:

1 кг. брашно
30 гр. квасец
1 кг. свинско каре

сол, маст и црвен пипер
Замесете го квасецот со малку топла вода. 3амесете го брашното со топла вода и малку сол, ставете го квасецот и измесете го тестото добро да биде средно меко.

Оставете го да нарасне. Од кога ќе нарасне, повторно размесете гo и поделете го на 8 топки. Земете една по една топка исплескајте ја со рака така да краевите останат подебели. Месото исецкајте го на ситни коцки, посолете го со сол и црвен пипер и ставете го во секоја пастрмајлија.

Ставете преку месото по 1 мала лажичка маст и ставете ги во рерна да се печат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *