Рижото во сос од пилешко и зеленчук

Пролетен оброк кој е лесен за подготовка и нема да ви одземе многу време.




Состојки:
100 гр ориз
30 мл масло
100 гр сецкани пиперки
50 гр моркови
100 гр кромид
300 гр пилешко месо
100 мл неутрална павлака
Зачини по желба и вкус




Подготовка:
Сварете го оризот (соодносот помеѓу водата и оризот треба да биде 3:1). Откако ќе се свари, исцедете го вишокот од течноста, доколку остане.




Во подлабока тава на масло за готвење (препорачуваме Бисер масло за готвење) ставете го ситно исечканиот зеленчук (кромидот, морковите и пиперкатите) и пропржете го на средна температура, динстувајќи го околу 10 минути.




Во меѓувреме, исечкајте го пилешкото на ситни коцки и зачинете по желба. Додадете го на зеленчукот и продолжете со пржење, околу 15-20 минути или додека пилешкото не биде зготвено и целосно не порумени. По потреба додадете сосема малку вода, но внимавајте температурата на огнот да биде средна.
На крајот, додадете го сварениот ориз и неутралната павлака.




Оставете да се вари уште кратко, за да се спојат вкусовите.