Римска торта со 5 кори: Кремаста торта-Торта за паметење! (РЕЦЕПТ)

Состојки за кората: 5 белки, прстофат сол, 7 лажици шеќер, половина лажица какао во прав, 7 лажици мелени ореви или лешници, 5 рамни лажици брашно.

За фил: 700 мл млеко, 5 жолчки, 5 лажици шеќер, 2 пудинзи од ванила, 200 г маргарин, 50 г шеќер во прав, 100 г шлаг со вкус на ванила, 120 мл млеко, 150 г. чоколадо за готвење, 100 гр млечна чоколада, 7 лажици мелени или сечкани ореви или лешници.

Подготовка: Белките се матат постепено со додавање шеќер и сол, па се додаваат останатите состојки и убаво се меша, па смесата се префрла во плех со димензии 23х23 и се пече 20 минути на 180 степени.

Од млекото одвојте околу 50 мл, а остатокот ставете го да се загрее во тенџере. Се матат жолчките и шеќерот, па се додава прашокот за пудинг и се одвојуваат 50 мл млеко. Сè убаво измешајте да нема грутчиња, па варете во зовриено млеко. Кога ќе згусне се трга од шпорет да се излади целосно.

Маргаринот посебно изматете го со шеќерот во прав, па додајте го во изладениот крем кој претходно исто така малку го измативте со миксер и сето убаво изматете да се соедини. Една третина од кремот намачкајте ја преку изладената печена кора.

Остатокот од филот поделете го на два дела. Во едниот дел ставете 150 гр чоколадо што сте го стопиле со три лажици масло или со малку слатка павлака, па премачкајте го врз жолтиот фил.

Изматете ја шлагот со 120 мл млеко, па половината додадете ја во преостанатиот жолт крем и додадете ги оревите или лешниците и сечканото млечно чоколадо. Намачкајте го чоколадниот слој. Прелијте го преостанатиот шлаг и декорирајте по желба.

Оладете го во фрижидер, по можност преку ноќ, и уживајте во совршеното кремасто уживање!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *