Ручек: Подгответе брзи и крцкави кесадиљи

Немавте време да го подготвите ручекот ? Еве идеа како да ја внесете мексиканската кујна со само неколку состојки, а притоа тоа да биде брзо и многу вкусно!

Потребни состојки:
Интегрални тортиљи
Домат (исечен на тенки кругови или коцки)
Кромид (ситно сецкан)

Кашкавал
Црвено песто
Пиперки (лути или благи)
Маслиново масло

Подготовка:
Исечете ги тортилите (од долниот дел) на половинки. Наредете ги состојките по желба и завиткајте.
Откако ќе завршите со полнењето, ставете ги кесадиљите во тавче. Кратко пропржете ги на тивок оган додека се стопи кашкавалот. Почекајте неколку минути да се излади, па послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *