Свете вода – Што да правите со старата кога ќе земете нова?

Големата дилема кај верниците е колку долго можат да ја чуваат светата вода и што да прават со старата кога ќе дојде новата

Македонската православна црква и верниците денеска го слават големиот христијански празник Богојавление- Водици . На денешен ден се празнува споменот на Христовото крштевање на реката Јордан.

Денеска во сите цркви и храмови се осветува вода. Тоа е свечен обред на кој присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, затоа што оваа Света Вода, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште и се користи само во голема потреба (болест,лечење заштита од зли духови).
Големата дилема кај верниците е колку долго можат да ја чуваат осветената вода и што да прават со старата кога ќе пристигне новата.

Колку долго може да се чува Водата, особено онаа што се осветува на Крстовден, Водици и Велигден? По една година, кога ќе дојде новата вода, што да се прави со старата?
Светата Вода , особено онаа осветена на Богојавление (кој народот најчесто ја носи во своите домови), може да се чува на неодредено време. Без разлика колку долго се чува, не ја губи освежувачката благодат и не станува подложна на расипување. Меѓу народот има и семејства кои ја чуваат Богојавленската вода триесет и повеќе години, но секоја година од новата вода кога ќе ја носат од црквата, по малку додаваат во шишето во кое ја чуваат старата вода.

Но, главното прашање е „по една година, кога ќе пристигне новата вода, што да се прави со старата? Одговорот на тоа прашање не е запишан во црковните книги, ниту пак има пишана наредба за тоа . Но затоа постои едно народно предание и обичај што Црквата премолчено го усвоила, а се здобила со традиционална вредност, како и многу други работи кои се зачувани во Црквата преку традицијата.
Така, според тоа народно предание , а и сега црковно, ако целото количество на Богојавление Водици не се потроши побожно во текот на годината, остатокот, кога ќе дојде нова вода, се влева во бунар, река или цвеќе. Во секој случај, каде што нема да биде изложен на газење и сквернавење.
Што се однесува до водата што се осветува во домовите за Велигден (никогаш на Велигден), таа може и треба да се зема секое утро за време на постот, непосредно пред јадење и на тој начин да се консумира. Осветена е со цел да се прослави големиот празник Воскресение Христово во осветени домови, но и со посветена душа (како храм на Светиот Дух), за што многу придонесува благочестивата употреба на осветената вода.

Осветената вода за празникот Рождество се користи за правење празничен колач, а малку може да се остави за пиење за сите членови на домот да испијат голтка за да се осветат душата и телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *