Свети Антониј Велики: Смирението

Смирението

– Засакај го смирението и тоа ќе ги покрие сите твои гревови.
– Биди смирен во сите денови од твојот живот.

– Оној кој е послаб од тебе во добри дела, сметај го за рамен со тебе, а оној кој ти е рамен на тебе, сметај го за совршен.

– Немој да му завидуваш на оној кој напредува, туку сите луѓе сметај ги за подобри од себе, за да биде Бог со тебе.
– Немој да се дружиш со горделивите, туку со смирените.

– Немој да се радуваш и немој да се насладуваш ако почнат да те фалат за твоите добри дела. Скривај ги своите добри дела колку повеќе што можеш.

– Навикни се да говориш: “Прости ми”, па смирението ќе се всели во тебе.
– Знај дека смирението не е ништо друго туку да ги сметаш сите луѓе подобри од тебе. Цврсто во својот ум држи ја мислата дека си крив за многу гревови. Главата нека ти е спуштена, а јазикот нека ти е подготвен да каже: “Прости”. Нека постојан предмет на размислување ти биде смртта.

– Пред се’, не се сметај за важен. Тоа во тебе ќе роди смирение. Од смирението ќе се роди разум (искуство и добри мисли), а од разумот – вера. Верата ќе роди надеж, надежта – љубов, а љубовта ќе роди уште поголема љубов, големата љубов ќе роди непроменлива постојаност – цврстина во доброто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *