Свинско каре со песто во рерна

Состојки
околу 2 кг свинска кременадла без коска
150-200 гр сланина на тенки парчиња
сол и црн бибер во зрно
1 лажиче пимент

1 лажица сенф дижон
1,5 – 2 лажици песто од босилек
50на мл масло
1 чаша вода

1,5 чаша пиво
прилог – кромид, компир, морков, брокула
Подготовка

1. Месото го засекуваме со нож накосо, одозгора. Секој засек се прави на растојание од еден прст. Го посолуваме и зачинуваме насекаде и во засеците исто така. Потоа го премачкуваме прво со сенфот и на крај насекаде со пестото. Зеленчуците ги сечкаме крупно.

2. Ја намрсуваме тавата во која ќе се печи и ставаме слој од сечкан кромид, па потоа го ставаме месот врз него. Во секој засек од месото ставаме по некое зрно црн бибер и потоа по едно парче сланина. Останатиот зеленчук го редиме покрај парчето месо. Попрскуваме со малку масло и посолуваме. На крај полека странично ги додаваме водата и пивото.

3.Тавата ја покриваме со капак или со алу-фолија која на неколку места ја бодиме со врвот на ножот за да „диши“ и ставаме да се печи на 220С околу 45 минути. Потоа ја вадиме фолијата (или капакот) и оставаме 15на минути да доиспари течноста и да се запечи месото одозгора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *