СВИНСКО МЕСО ВО ТЕГЛА ПО РЕЦЕПТ НА БАБА

Месо во тегла – сигурно сте слушнале за ова но бидејќи се повеќе се забораваат некои работи а и доаѓаат чудни времиња (ќе снема струја) еве да се потсетиме како се зачувува месо без фрижидер.




Ако некогаш сте го пробале сигурно знаете дека вкусот е прекрасен а ако не сте пробале еве ви упатство како можете сами да си направите и да си уживате во овој специјалитет.
Кој не јаде свинско може да се направи истото и со говедско месо.
Станува збор за стар начин на конзервирање на месо.
Состојки за 8 тегли:




2 кг свински бут
2 кг свинска плешка
800 грама сланина (по 100 грама во тегла)
ловоров лист




црн бибер во зрна
Еве го тајниот начин на подготовка:
Месо во тегла
Месото исечкајте го на еднакви коцки. Сланината се сецка колку можете поситно. Врз месото се додава сол и се замешува со раце во поголем сад.




Месото се додава во празните тегли и се натискува што е можно повеќе за да нема воздух и празен простор.
На врвот на секоја тегла додадете сечкана сланина и притиснете за да има празен простор помеѓу сланината и капакот од теглата.
Стиснете ги силно капачињата од теглите.
Се зема поголемо тенџере шерпа и се полни со вода најчесто е она за пржење ајвар и на дното се ставаат неколку кујнски крпи.
Теглите исто така се виткаат со крпи или со хартија и се додаваат во тенџерето.




Вака се виткаат теглите за да не се удрат една со друга и да не пукнат или да се скршат.
Тенџерето се дополнува со вода до врвот на капачињата и почнете со загревање на водата. Откако ќе зоврие водата варете ги теглите уште 2,5 до 3 часа. Внимавајте бидејќи водата испарува брзо од тенџерето ќе мора да дополнувате со врела зовриена вода.
Кога ќе се заврши со вриењето после 3 часа тенџерето се трга од оган и се остава да се олади самото до собна температура.
Месото е сочно меко и се топи во уста
Самото месо си ги испушта своите сокови во кои се вари и не се додава внатре вода и соковите се претвараат во желатин. Сите храниливи состојки остануваат внатре во теглата.
На кое јадење и да го додадете ова месо ќе биде врвен специјалитет.
За гулаш , за манџа, за пржење со праз, везени пиперки кромид …. само така извадено од тегла ма како и да го јадете нема повкусно.