СВ. МАЧЕНИЦИ: Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив беа христијани од Персија

Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос.

Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, единосушна и неразделна, Отецот и Синот и Светиот Дух, едниот Бог“.

Царот ги подложи на големи маки, но тие претрпеа јуначки сѐ, со псалмопение и молитва на усните. За време на мачењата и во затворот повеќепати им се јавуваа Божји ангели, а еднаш и Самиот Господ Христос како човек „со лице светло како сонце“.

Штом еден од мачителите, Автониј, го виде чудото кога врелото олово не им наштети на мачениците, поверува во Христа и извика: „Голем е христијанскиот Бог!

За ова веднаш го убија со меч. И многумина други видоа и поверуваа. Тогаш царот нареди и во кожни мевови ги зашија Акиндин, Пигасиј и Анемподист и ги фрлија во морето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *