Секоја болка има порака -12 совети за излекување од емоционалната болка

Секоја болка, без оглед дали е емоционална, физичка или ментална, има своја порака. Дали сте забележале дека сите се плашиме од чувството на емоционална болка? И ќе направиме се’ што е во наша моќ, само таа да престане?




Никој не ја сака. Сите сакаме да се ослободиме од неа. Сите се обидуваме да се сокриеме и да побегнеме од неа, а иронијата е во тоа што, колку повеќе се обидуваме да ја избегнеме и отфрлиме, таа станува се’ поинтензивна и подолго останува во нас.
Сите ние имаме свои издигнувања и падови. Сите од време на време доживуваме емоционална болка. Но, тоа не значи дека нешто не е во ред со нас. Тоа не значи дека сме ‘скршени’ или ‘неисправни’. Напротив. Тоа само покажува дека сме луѓе. Дека имаме чувства и емоции.
1. Со се’ со кое се соочувате, љубезно гушнете го. Напуштете било какво чувство на лутина, гадење или фрустрација која можеби ја негувате кон себе, кон својата емоционална болка и својата моментална стварност. Не се опирајте за ништо. Гушнете милостиво, се’ со што се соочувате. Препуштете се на она што е. Прифатете она низ што поминувате. Сите свои мисли, чувства и фрустрации. Прифатете ја својата емоционална болка, како да сте ја избрале.




2. Дајте си време. Потребно е време за да ја избркате темнината од вашиот ум и вашето срце. Потребно е време за да ја прифатите присутноста на емоционалната болка во вашите живити. Значи, дајте си себе време. Време за одмор, за лечење и време, потполно да се опоравите. Бидете нежни кон себе и верувајте, дека се’ се случува точно онака како што треба да се случи.
3. Престанете со обидите за контролирање. Воздржете се од размислувања од типот: ‘Предолго вака се чувствувам. Сега работите треба да тргнат на подобро. Зошто е потребно толку долго болката да исчезне?’ И така натаму. Дозволете им на работите да се случат по својот природен тек. Дозволете излекувањето да дојде со својот сопствен ритам. Напуштете ја потребата за контрола на процесот на оздравување. Напуштете ја потребата да го забрзате своето закрепнување.
4. Бидете свесни. Набљудувајте ја својата емоционална болка, својот немир и фрустрација. Набљудувајте го константниот тек на негативни мисли кои поминуваат низ вашиот ум. Страшни приказни кои ја хранат вашата болка, но одлучувате да не се поистоветувате со нив. Не правете од болката своја животна приказна.




5. Туркајте ја својата болка со помош на љубовта. Никој не ја сака болката. Сите сакаме да се ослободиме од неа. Сите сакаме да бидеме што е можно подалеку од неа. Но, постои време кога болката бара наше присуство, наш фокус и наше внимание. Постојат случаеви кога болката бара да се почувствува. Значи, земете си време за да ја запознаете својата емоционална болка. Ценете ја и обидете се да ја разберете. Не ја навредувајте својата болка. Сакајте ја својата болка и таа мора да замине.
6. Дајте му време на времето. Потребно е време за да ја истераме темнината од нашите умови и од нашите срца. Потребно е време за да ги залечиме нашите рани и да го прифатиме постоењето на емоционалната болка во вашиот живот. Затоа, дајте му време на времето.
7. Поминувајте време сами со себе. Кога некој го сакате, со таа личност поминувате приватно и квалитетно време. Во мрачните моменти на нашите животи, кога болката е присутна во нашите срца и нашите мисли, да бидеме сами со себе е еден од најдобрите подароци кои можеме да си ги дадеме. Признајте, сакајте и почитувајте го она што е убаво за вас. Земете си време да се сакате себе, да се запознаете себеси, да се одморите, оздравите и во целост да се опоравите од се’ она што чувствувате.
8. Побарајте помош и подршка. Побарајте емоционална подршка и потпора од оние кои ги сакате и оние на кои им верувате. Опкружете се со весели и среќни луѓе. Луѓе кои можат да ве насмеат, кои можат да ве инспирираат, за да видите како животот е сам по себе убав и кои можат да ви покажат дека секогаш постои нешто поради кое можете да гледате напред.




9. Пуштете природата да ве лечи и смирува. Поминувајте време на отворено и пронајдете во природата знаци на раѓање, подмладување и обнова. Потсетете се дека сте и вие дел од природата. Дозволете и’ на природата да биде ваш учител. Дозволете и’ на природата да ве оздрави и утеши, да ве научи повеќе за бесконечниот круг на животот, смртта и повторното раѓање.
10. Ништо не земајте како свое. Сакајте се’, но не се врзувајте. Прифатете ја идејата дека ништо во животот не трае вечно, ништо не е ваше за да се задржи. Живејте го секој ден како да е последен. Секој момент како да е единствен. Направете најдобро од се’ што животот ви дава и не губете време на расправање околу тоа, зошто работите се такви какви што се.




11. Претворете ги своите рани во мудрост. Секое искуство кое ви доаѓа, доаѓа со причина. Обидете се да дознаете која е таа причина. Трудете се да учите од секое болно искуство кое животот ви го испраќа. Бидете алхемичар. Претворете ги своите рани во мудрост и своите потешкотии во можност. Вашата болка нека ве направи подобри, а не огорчени.
12. Ниту една болка не трае вечно. Ако сте сеуште живи, ако сеуште дишете, тоа само значи дека за вас има многу живот. Многу места на кои можете да одите, многу нови и возбудливи работи кои треба да ги направите, да научите и сакате. И затоа, станете. Тргнете ја прашината од себе и почнете од почеток. Почнете да го обновувате својот живот и да го направите неверојатен.




Не дозволете лошото и болното искуство да направи да се чувствувате како да имате лош и болен живот. Не дозволете дождлив ден да ја уништи вашата забава. Никогаш не заборавајте дека Сонцето секогаш свети над облаците. Тоа е секогаш таму горе.