Се верува дека оваа билка има магични својства – нејзиното чување во домот ќе ви донесе среќа и благосостојба

Од дамнешни времиња е познато дека оваа билка се користи како еден вид на амајлија. Многу народи веруваат дека со внесувањето на рузмарин во домот, вие внесувате и благосостојба.




Римските свештеници користеле рузмарин како темјан во сите верски церемонии, а тој со децении наназад се користи како заштита од негативни и зли енергии кои влегуваат во домот.




Во 9-тиот век, Карло Велики инсистирал оваа билка да расте во неговите кралски градини бидејќи верувал во нејзините магични својства.Еве зошто рузмаринот се смета за магична билка:




Се верува дека рузмаринот привлекува пари и благосостојба во домот, затоа секој дом мора да го има. Исто така можете да го носите и во паричникот. Закачете неколку гранчиња рузмарин над влезната врата за да го заштитите домот од провалници и да спречите влез на негативна енергија.




Рузмаринот има одлично влијание врз подобрување на меморијата и за таа цел се користи во вид на етерично масло. Неговиот мирис поволно влијае врз нервните клетки, па затоа е одличен и за опуштање. Од таа причина се користи и при медитирање. Рузмаринот е поврзан и со плодноста – се препорачува да ставите неколку гранчиња под креветот на кој спиете.