Сигурно ќе барате репете: Плескавици од тиквичка

Направете вкусни плескавици од тиквички кои се одлични како предјадење за секој ручек или како мезе со пријателите. Еве како да ги приготвите:




СОСТОЈКИ:
1 компир
3 тиквички




3 јајца
1/2 главица кромид
300 гр сирење
масло




презла
сол
бибер
ПОДГОТОВКА:




Сварете го компирот, па ситно исечете го откако ќе се излади.
Во меѓувреме измешајте ги во садот кромидот, сирењето, презлата и тиквичките, па додадете ги компирите.Мешајте со лажица додека да се соедини и добие компактна смеса. Зачинете по вкус.




Со рака направете плескавици и ставете ги во сад со брашно и сад со јајца.
Пржете во тава на масло околу пет минути.