Ситуации во кои луѓето ја кријат својата депресија

Во постојан срам и интензивен страв, исполнет со ужас, како и овој заштитен оклоп кој го создадов околу себе, кој треба да се сруши и да ме плесне по лицето. Бидејќи, депресијата е многу мрачно место. Од тие разговори, открив 9 вообичаени причини за депресија која личноста може совршено да ја сокрие, обидувајќи се да биде емоционално невидлива и ‘непобедлива’ давајќи му на надворешниот свет наизглед совршена слика на својот живот. Многумина ќе се најдат овде.

Ѕвезда во своето семејство
Најголеми пофалби добивавте поради своите успеси. Од вас се очекуваше многу. Не смеевте да згрешите, бидејќи тоа е неуспех, а не процес на учење. Ве означуваа како паметна, остварена личност. Притисокот беше голем. И поверувавте дека цел свет од вас очекува совршенство, при тоа секое достигнување требаше да го надмне она претходното. Постојано само голтавте. Ранливоста и борбата е нешто неприфатливо за вас.

Машко сте
Ве учеа дека е срамно да се призне било каква ранливост. Вашите машки примери живееја на тој начин, ги делеа работите на машки и женски стереотипи, во кои мажите се’ можат да издржат, без признавање на своите емоции. Ако покажувавте емоции, секогаш бевте исмеани.

Никој во семејството не смееше да искаже болни емоции
Се случуваа работи, дури и болни работи како смрт, развод, разочарување, но никој не зборуваше за болката од тие загуби. Казнувани бевте поради покажување на солзи, болка. Никогаш не ве тешеле ниту ве поддржуваа кога се чувстувавте збунето. Значи, замолчувани бевте. Одлучивте да бидете ‘емоциопнална врста’. Престанавте да барате утеха бидејќи немаше достапна утеха. На крајот на краиштата, кој е подобар начин да се соочиме со нешто од верувањето дека она што не постои не е потребно?

Се чувствувавте или сеуште се чувствувате одговорни за родителската среќа или исполнување
Твоите родители ти зборуваа: ‘Не знам што ќе правам без тебе’, ‘Нема никој кој ќе ме разбере како тебе’. Чувствувате дека ваш приоритет е поддршка на своите родители и константно да се грижите за нив. Како воопшто можете да одите од дома и да водите свој живот ако вашата работа е да ги направите среќни вашите родителите? Значи, вие можеби останавте заклучени во таа улога ‘дели ги оние делови од себе’ кои ќе им бидат пријатни на родителот, покривајќи ги другите. Вашиот живот може да биде сплет на скриени тајни. На тој начин се трудите да бидете совршен син или ќерка бидејќи родителот не може да ви даде дозвола да се разделите од нив.

Вашето семејно воспитение не поддржува емоционална отвореност или едноставност.
Постои голема разлика помеќу земјите и културите во начинот на кои емоциите се разбираат и изразуваат. Одредени култури или верска и етничка припадност имаат збир на верувања, правила и очекувања кои го обликуваат начинот на кој перципира одредени емоции и како ги изразувате. Тоа понатаму доведува до закличок дека постојат емоции кои се неприфатливи. Вашиот одговор е да ја прикриете вашата стварност. Меѓутоа, што повеќе се обидувате да се вклопите во културата која не’ поттикнува емоционална отвореност или која не поддржува индивидуални разлики, тоа може да предизвика судир и проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *