Ова морате да го пробате: Скандинавски доручек

Потребни состојки:
2,5 шољи бело брашно
1 јајце
1/2 шоља зејтин
1 прашок за печење
1/2 мало лажиче сол
1 шоља јогурт

Фил
3 јајца
100-200гр сирење (по желба и потреба)
Во длабок сат ги ставаме сите состојки и со лажица или маталка ја мешаме смесата убаво да се изедначи. Тестото кое е многу меко и се лепи за рацете го ставаме во намачкан плех со зејтин (број 32) и убаво го распоредуваме со лажицата или уште подобро со раце убаво намастени со зејтин за да не се лепи тестото за рацете.

За фил
Рендаме 100-200 грама сирење кое го мешаме со 3 јајца. Смесата ја посипуваме врз тестото и со лажица го распоредуваме филот, но внимаваме да не ни отиде скроз до крајот на плехот, односно да се гледа малку и од тестото.

Врз делот од тестото што не е покриен со филот може да посолите сусам. Печеме 20 минути на 220С да се добие убава кора на филот и убава румена боја на тестото.
Врз тестото може да се стави и кечап, па во филот да се наренда салама и одозгора да се наренда кашкавал и исто да се пече 20 минути на 220С и ке добиеме и превкусна пица
значи со филот можете како сакате да експериментирате

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *