Скриени шампињони

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
250 гр. ориз
100 гр. пармезан

250-300 гр. мали свежи шамшпињони
50 гр. путер
200 гр. тостиран сусам

Начин на подготовка:
Сварете го оризот во голема количина вода, а потоа исцедете го низ цедалка и исплакнете го со ладна вода за да не ви се залепи. Во загреана тава на оган ставете го путерот да се растопи, па на него испржете ги печурките. Посолете и побиберете по вкус, тргнете ја тавата од оган и оставете ги печурките да се изладат

Во длабок сад ставете го изладениот ориз заедно со ренданиот пармезан. Посолете, побиберете и промешајте. Потоа со навлажнети раце земете од оризот и формирајте плескавица. Во средината на плескавицата ставете една печурка и обвиткајте ја со оризот така што ќе оформирате топче.
Топчињата од ориз извалкајте ги во тостиран сусам или во семиња по вкус. Послужете ги со кечап или лут сос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *