Смели есенски обувки од Александар Мекквин

Ако сакате да бидете авангардни и да не ви ни малку удобно, тогаш вистинскиот избор за вас е колекцијата есен 2012, на брендот Александар Мекквин. Секако ако

успеете да дојдете до 7.000 долари за еден пар, и ако барем еден од нив остане надвор од плакарот на заколнатиот фан на футуристичките креации, Лејди Гага.

Овој пат, утописката мода на брендот, кој по смртта на Мекквин го менаџира талентираната Сара Бартон, е спакувана во по малку смирувачки, сензуален стил. Чевлите

се комбинација на цветови, пердуви, крзно и други слични додатоци. Ултрависоките необични потпетици и нежните бои и нијанси во оваа есенска колекција, истовремено ги нагласуваат како романтичната, така и дивата страна на жената.

Leave a Reply

Your email address will not be published.