Совети како да го смирите детето во моменти на изливи на бес

Тантрумите, детските изливи на бес, можат да бидат голем предизвик за родителите кои во тие ситуации многу често посегнуваат по технологијата за да ги смират децата.Но, за децата не е многу препорачливо да минуваат премногу време пред екраните. Постојат неколку ефективни начини со кои може да го смирите детето во моменти на тантруми.

1. Бидете смирени
Детето секогаш ја гледа вашата реакција, а вие како родител мора да се смирите кога детето плаче.
2. Играјте си со детето

Играта е еден од најдобрите начини да го смирите детето. Откривањето нови игри ќе ја поттикне креативноста на децата, но и ќе го задржи нивното внимание.
3. Прашајте го детето зошто е вознемирено
Поставете директно прашање за да откриете што би можело да го смири. Тоа не значи дека ќе се согласите на неговите барања на кои во други услови не би се согласиле.

4. Прегрнете го
Според искуството на многу родители, прегратката во моменти на тантруми кај децата е најефективна. Прегратката помага во намалување на емоционалниот стрес и е одличен начин на утеха.
5. Длабоко дишење
Замолете го детето длабоко да дише, научете го како да го прави тоа.

6. Излезете надвор
Прошетката на свеж воздух е секогаш добра идеја, особено за помалите дечиња кои веднаш ќе се израдуваат.

7. Пренасочете му го вниманието
Обидете се да му го пренасочите вниманието така што ќе го прашате која му е омилена играчка, омилена боја или слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *