Совет од психијатар: Воспитувајте ги децата како делфини

Родителите не треба да ги третираат своите деца како тигри, но ниту да ги третираат како медузи. Треба да се одгледуваат како делфини“, вели психијатарот д-р Шими Канг. Еве што значи тоа.

Ова звучи навистина необично и веројатно размислувате „зошто некој би ги споредил родителите со животни“, но не заборавајте – и тие имаат свои млади.
Д-р Шими Канг, и самата мајка на три деца, верува дека родителите кои се однесуваат како тигри го зголемуваат ризикот децата да станат анксиозни или депресивни, неспособни да донесуваат никакви одлуки или да станат независни во одреден момент.

„Родителите-тигри“ ги воспитуваат децата мешајќи им се во животот на секој можен начин, уверувајќи ги дека секогаш и во се мора да бидат најдобри. Како последица на родителското водење на животот на детето, малиот нема никаква самоконтрола, ниту пак знае да се мотивира кога е потребно, бидејќи е навикнат секогаш да биде контролиран од родителите.
Во другата крајност се родителите кои д-р Канг ги нарекува самозадоволна медуза. Тоа се родителите кои на своите малечки им дозволуваат апсолутно се и не им поставуваат никакви граници. Децата кои се воспитани на овој начин обично немаат доволно самоконтрола, како и социјални вештини. Тие исто така не се способни да донесуваат одлуки самостојно, често се изложуваат на ризици и се повеќе склони кон девијантно однесување.
Најдобро е да се однесувате кон децата како делфин, тврди д-р Шими Канг – овие родители имаат одредени правила и очекувања, но ја ценат креативноста и ја поддржуваат независноста на своето дете.
Овој доктор, кој неодамна ја објави книгата „Патот на делфинот“, вели дека овој метод на едукација се состои од два основни принципи.

„Првиот е балансиран, авторитетен однос родител-дете. Вториот вклучува избалансиран начин на живот, вклучувајќи го и она што денес им недостасува на многу деца – игра и истражување, чувство на заедница и корисност, како и редовен сон, физичка активност и одмор“, објаснува д-р Канг.
Родителите треба да престанат да ги закажуваат своите деца, прекумерно да ги штитат и да ги охрабруваат постојано да се натпреваруваат со своите врсници. Наместо тоа, треба да им дадат време и простор да ја „вклучат“ својата внатрешна мотивација, советува психијатарот Канг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.