Соврашен ГУРМАНСКИ РУЧЕК – Јунешки гулаш со пиво

Потребни состојки:




1кг јунешко месо,
5 големи главички кромид,
2-3 лажици брашно,
100мл.масло,




ловоров лист,
бибер,
суви зачини,




сол
200 мл.пиво




Начин на приготвување:
Измиеното месо исечете го на коцкички, извалкајте го во брашно и испржете го во врело масло.Додадете го исечканиот кромид и продолжете со нивно пржење заедно.Потоа, додадете ги сувите зачини, солта, биберот и ловоровиот лист, па прелијте ги со пиво.




Прелијте со вода и оставете го јадењето да се крчка на ниска температура додека не омекне.
Гулашот служете го со варен компир или варени тестенини.