Совршена торта со лешници и Нутела

Сигурно веќе го замислувате вкусот на оваа неверојатна торта. Богат, сочен, чоколаден вкус на лешници и крем, со меко ем крцкаво тесто кое се топи во устата.
За изгледот воопшто и не треба да коментираме, фотките кажуваат илјада комплименти.

Добро е да имате предвид дека речиси сите ќе побараат репете од Нугат тортата и нема да ви остане ништо од неа.

Потребни состојки за тестото:
12 јајца
12 лажици шеќер
3 лажици масло
12 лажици млеко
12 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
12 лажици какао во прав
12 лажици мелени лешници
Потребни состојки за филот:
1.5 l млеко

3 кесички пудинг со вкус на лешници
5 лажици густин
10 лажици шеќер
100 gr чоколадо
250 gr маргарин
3 лажици Нутела
100 gr мелени лешници
Начин на подготовка:
1. Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во цврст, пенест крем. Кога ќе го превртите садот наопаку, смесата не треба да се лизга низ него. Во текот на матењето на белките додадете неколку капки лимон или оцет, со цел да направите цврст, пенест, крем.
2. Во посебен сад изматете ги жолчките со шеќерот, а потоа додадете масло и млеко, па промешајте. На крајот додадете брашно и прашок за печиво. Пред самиот крај додадете го какаото заедно со лешниците и матете уште 1-2 минути додека убаво не се соедини.

3. Во оваа смеса додадете ја онаа од изматените белки и мешајте полека со цел двете смеси добро да се соединат, но белките да останат меки и воздушести.
4. Подготвената смеса истурете ја во калап за печење, претходно обложен со хартија (најдобрата димензија е 26 cm). печете ја кората на 180ﹾС од 40 минути до 1 час (во зависност од јачината на вашата рерна).
5. Откако ќе ја извадите, оставете ја кората да се олади, покриена со крпа. Со помош на конец или нож исечете ја кората на 3 по должина.

Време е да го подготвите филот…
1. Пудингот, шеќерот и густинот додадете ги во 500 ml млеко и добро измешајте, да се соединат. Преостанатиот 1 l млеко ставете го да се вари на умерена температура во подлабоко тенџере. Кога ќе почне да врие, додадете ја смесата со пудинг во него и гответе според упатството додека не добиете густ, убав крем.
2. Тргнете го од огнот и веднаш додадете го чоколадото, мешајте силно додека не се стопи. Кога филот ќе се олади додадете го маргаринот па мешајте со миксер додека не добиете мазна, изедначена смеса. На крајот се додава и Нутелата и мелените лешници и се мешаат додека добро не се соедини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.