Солена штрудла со моцарела и шунка

Солена штрудла со шунка и моцарела идеална за појадок или вечера.
Потребни состојки:

-2 шолји млеко1 лажица шеќер
-5 лажици брашно

-половина шолја масло
-1 пакување сув квасец
-1 лажица сол

Фил за полнење:
-500 г шунка исечена на парчиња

-300 моцарела
-малку оригано
Дополнително за штрудлата:
-1 жолчка за премачкување
-сусам за посипување
Начин на подготовка:
Во загреано млеко ставете го квасецот и лажичка шеќер да нарасне. Кога квасецот ќе порасне додадете масло, сол и брашно и замесете тесто.

Оставете тестото малку да одмори, а потоа поделете го на три топки. Од секоја исукајте кора, наполнете ја со шунка и рендана моцарела, ставете и малку оригано. Тестото замотајте го како штрудла, премачкајте со жолчка и посипете сусам.
Ставете ги штрудлите да се печат на 200 степени, додека не поруменат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *