Солено чудо на кое секогаш ќе му се враќате – Компир палачинки полнети со мелено месо

Потребни состојки:
7 компири
1 главица кромид
500 гр. јунешко мелено месо




– 25 гр. путер
160 гр. брашно
1 јајце
сол и бибер
малку масло за јадење




Начин на припрема:
Исечкајте ги компирите на коцки и ставете ги да се сварат. По варењето, исцедете ги и изгмечете ги, а потоа во нив додајте ги јајцето, путерот, брашното, солта и биберот.




Во тава на оган пропржете го кромидот, а потоа додајте го меленото месо. Додајте сол, бибер и други зачини по желба. Од тестото направете мали палачинки, а потоа на секоја од нив додајте по една лажица од прженото мелено месо.




Затворете ги и израмнете ја нивната површина за да добијат облик на полнето тесто. Вака подготвените палачинки пржете ги во тава на која сте ставиле малку масло за јадење.