Сочен, мек и божествен: Брз колач со јаболка кој се подготвува за час

Денеска ви претставуваме еден едноставен рецепт за вкусен десерт кој ќе ги задоволи сите ваши сетила. Освен што е вкусен, се прави брзо и лесно, а се што ви е потребно за припрема е само еден сад.




Потребни состојки:
120 гр. брашно
1 лажица прашок за пециво
прстофат сол
120 гр. путер
150 гр. шеќер




2 големи јајца
1 лажица екстракт од ванила
3 лажици рум
2 слатки јаболка




Начин на припрема:
1. Измијте, излупете ги и исечкајте ги јаболката на коцки. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Премачкајте го калапот за торта со дијаметар од 24 центиметри со масло, а дното покријте го со хартија за печење.




Измиксирајте го омекнатиот путер со шеќерот, па додавајте едно по едно јајце. Додајте го екстрактот од ванила и румот, а потоа се заедно добро измешајте со миксерот. Додајте ги сувите состојки, брашното, прашокот за пециво и солта во смесата и измешајте ги со дрвена лажица, а на крај додајте ги и јаболката.




Излијте ја смесата во калапот, па на врвот додајте малку шеќер, отприлика една полна лажица.
Печете 40 минути, а потоа оставете да се излади пред да го извадите од калапот. Изладениот колач посипете го со шеќер во прав.