Старец од Света Гора: Што да правите кога ќе започне хаосот

Старецот Пајсиј од Света Гора – духовна порака која открива што да правиме кога ќе дојдат тешки денови! Секогаш сте дел од Божјиот план…

Кога се појавуваат животни бури , тешко ни е да сфатиме дека многу предизвици во животот се случуваат со причина. Поради некои ќе сфатиме колку сме силни, ќе научиме важни лекции, за некои не знаеме дека не водат до целта што сакаме да ја постигнеме.

Ќе се појават некои ненадејни промени, животот ќе не изненади, но можеби тој неочекуван пат не води на вистинското место во вистинско време – таму каде што ке се исполни нашата животна мисија.

Старецот Пајсиј од Света Гора, кој е познат по своите мудри учења и цитати, ги објаснува животните предизвици како дел од Божјото ткаење, ова се неговите зборови:

Не заборавај, душо,
дури и среде најтешкиот ден
дека си прекрасен дел
од Божјиот голем план!

И кога се чини
дека товарот е претешок,
се е како што треба!
Времето ќе ти покаже…

Можеби сега не ја гледаш смислата,
поради страв или незнаење…

Ќе видиш, сето тоа е образец
на Божјото прекрасно ткаење!“

Leave a Reply

Your email address will not be published.