Студен туш – навика која ќе ви го промени животот

Хидротерапијата се користи со векови за да му помогне на нашето тело.
Студениот туш е една од најдобрите опции за тоа, бидејќи секој од нас може да ја практикува оваа навика. Како резултат на тоа, нашето тело станува поотпорно на заболувања, но и стрес. Едно истражување кое е спроведено во Холандија покажало дека луѓето кои практикуваат студена вода наместо топла поретко се разболувале. Според нив, студената вода го активира нервниот систем со тоа што нашето тело лачи норадреналин, како еден вид на метод на одбрана, а тоа предизвикува забрзано срцебиење и крвокот.
Кои се бенефитите од студениот туш?

Зголемено лачење на ендорфин
Депресијата и стресот се многу чести во последно време. Затоа, се препорачува студениот туш барем 2-3 пати во текот на неделата за да се намалат симптомите на депресијата и вознемиреноста и да се подобри расположението. За луѓето со депресија, тие можат да бидат ефективни како електрошок терапиите бидејќи студениот туш испраќа електрични импусли кон нашиот мозок. Тоа ја зголемува и концентрацијата, јасноста и ги зголемува нивоата на енергија.

Подобрен метаболизам
Бидејќи дебелината е поврзана со многу различни заболувања, навистина треба да внимаваме што и како јадеме. Но, здравиот метаболизам е основа на тоа. Истражувањата покажале дека студениот туш го забрзува метаболизмот и придонесува за намалување на телесната тежина на долг рок. Секако, нема магично да ослабеме од студената вода, но со добар метаболизам полека сме на пат кон тоа.

Повисоко ниво на будност
Ладната вода го буди нашето тело и го зголемува нивото на енергија, па затоа студениот туш е најдобар да се практикува наутро. Тоа го подобрува и фокусот и концентрацијата и нè одржува свежи во текот на денот. Освен тоа, некои експерти посочуваат дека ваквата навика е добра бидејќи го регулира и дишењето во текот на денот, што исто така придонесува за намалено ниво на стрес.

Подобрена циркулација
Добрата циркулација е клучна за нашето здравје. Циркулацијата се подобрува на тој начин што со студената вода, нашето тело се бори повеќе за да ја задржи својата температура. Некои луѓе посочуваат дека со редовното туширање со студена вода се подобрува и текстурата и свежината на нивната кожа, а тоа веројатно се должи на добрата циркулација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.