Титов колач- омиленото благо во Југославија: Рецепт за најкремастиот и највкусен десерт

Состојки:
За бисквитот:
4 јајца
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр мелени ореви или лешници
5 лажици сварено црно кафе – ладно
5 полни лажици брашно
1 прашок за пециво
3 лажици масло

За првиот фил:
400 мл млеко
5 полни лажици брашно
2 жолчки

За вториот фил:
200 гр маргарин
10 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр стопено чоколадо
3 супени лажици ореви

Подготовка:
Бисквит: Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во цврст „снег“. Во жолчките додадете шеќер, па изматете. Во смесата со жолчките додадете масло, изладено сварено кафе, брашно, прашок за пециво и ореви и измешајте сè додека не се соедини. На крајот можете да ги додадете и белките.

Изматениот бисквит печете го на 180 степени околу 30 минути.
Прв фил: Во млекото додадете ги жолчките и брашното и изматете со миксер. Потоа ставете го на шпорет малку да зоврие за да направите пудинг.

Втор фил: Растопете чоколадо и додадете маргарин. Потоа додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер и оревите и сè заедно измешајте. Убаво соединете ги двата филови. Врз кората намачкајте богат фил, па посипете со мелени ореви и чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *