Традиционално Македонско јадење: Селско месо (со три видови месо и печурки)

Состојки
Состојки
400 гр свинско месо од врат
400 гр пилешко месо
400 гр телешко месо(мелено)
400 гр печурки шампињони




1 главица кромид
2 суви црвени пиперки
2 млади лукчиња
100 гр кашкавал
1 домат




250 мл бело вино
Додатоци за подготовка на ќофтињата
1/2 главица кромид
1 парче двопек
4 лажици млеко




1 јајце
1/2 лажичка оригано
1/2 лажичка сол
2 лажици зејтин
Потребно е уште сол, црн бибер, црвен пипер, зејтин
Селско месо приготвено од три вида месо и шампињони.
1. Прво на меленото телешко месо му се додава половина главица ситно исечен кромид,1 јајце, сол, оригано и 1 парче двопек ,претходно натопено со малку млеко. Од ова правиме смеса и од неа мали ќофтиња(со големина на орев). Ќофтињата ги пржиме на зејтин да заруменат од сите страни.




2. Исеченото свинско месо на коцки, го пржиме неколку минути на зејтин. Го додаваме и пилешкото месо исечено на коцки и заедно ги пржиме додека да испари течноста што ја пуштила месото. На крај ги додаваме и свежите печурките исечени на покрупни парчиња. Додаваме сол, црн бибер, црвен пипер и оставаме да се пржат.
3.На страна се запржува исечениот кромид, сувите пиперки и младиот лук. Кога ќе се запржат се додава ситно сечен домат. Ова се додава кон месото и печурките, се додаваат во тавата и ќофтињата, се полева со бело вино и се става во рерна да се пече околу 1 час.




4.Откако е печено селското месо, ја вадиме тавата од рерна и одозгора ја посипуваме со рендан кашкавал. Ја враќаме тавата во рерна колку да се стопи кашкавалот.
Селското месо веднаш го служиме топло.На здравје.