Трик што ќе ви помогне да не го мразите трчањето

За некои луѓе, само помислата на трчање е вистинска агонија, но одвлекувањето на вниманието за време на таа физичка активност може да биде клучно за подобрување на перформансите, се вели во новата студија објавена во Human Kinetics Journal.




Дванаесет жени на возраст од 18 до 30 години учествуваа во студија која го мери нивото на кислород, бројот на вдишувања, отчукувањата на срцето, нивото на лактат во крвта и забележаниот напор, за да се одредат перформансите за време на трчање на лента во траење од шест минути.




Студијата покажа дека учесничките кои имале „занимација“ од надворешни дразби имале пониско ниво на кислород, пониско ниво на лактат во крвта и повисок резултат на перцепиран напор во споредба со оние кои биле целосно фокусирани на трчањето.Друга слична студија беше спроведена во 2017 година меѓу скокачи во далечина. Оние кои се фокусираа на тоа каде да скокаат, а не на нивната техника, скокнаа подалеку од другите, пишува Journal of Motor Behavior.




Хипотезата за ограничено дејствување продолжи да се покажува како вистинита за различни активности – од натпреварувачко веслање до основни вежби за мускули, што резултираше со подобрено движење и издржливост кога субјектите се фокусираа на внатрешните дразби, а не на надворешните.




Сето ова значи дека без разлика дали тренирате за маратон или трчате рекреативно, би можеле да постигнете подобар резултат ако слушате музика или подкаст или се вклучите во поактивно набљудување на природата околу вас.