Турска пита од варени кори – совршенство на кое никој не може да му одолее

Бројни турски јадења се неизбежен дел од сечија трпеза, а треба да признаете дека секој нивен специјалитет е вистинска рапсодија на вкусови. Питите со сигурност се еден од омилените оброци и идеи за појадок, вечера или ужина. Се подготвуваат многу едноставно, а покрај тоа не се ниту многу скапи.




Прво замесете ги корите, а потоа варете ги во три литри вода со една лажичка сол и 20 милилитри масло за јадење. Потоа на плех за печење ставете ги сварените кори, може да ги исфилувате со фил каков што сакате, а токму во тоа е и магијата на овој специјалитет поради тоа што се приспособува на сечиј вкус.




Состојки:
3 јајца;
50 милилитри вода;
½ лажичка сол;
300 грама брашно;
20 милилитри масло за јадење;
180 грама кисела павлака.




Начин на подготовка:
Прво замесете ги корите, а потоа варете ги во три литри вода со една лажичка сол и 20 милилитри масло за јадење. Потоа на плех за печење ставете ги сварените кори, може да ги исфилувате со фил каков што сакате, а токму во тоа е и магијата на овој специјалитет поради тоа што се приспособува на сечиј вкус.




Предлог за фил: 500 грама блитва, 500 грама сирење, 150 милилитри масло за јадење.




Намачкајте ги одгоре корите со 180 грама кисела павлака и додадете сусам по желба. Печете на загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу половина час.