Туршија: Највкусната салата полна со витамини

Во зима имаме малку овошје и зеленчук на располагање, а витамините тој период ни се уште попотробени отколку налето. Најдобриот начин да ги сочувате, секако, е приготвувањето зимница. Ви предлагаме рецепт за шарена зимница, салата што е убава на око, но и многу вкусна.

Потребни состојки:
1 кг кисели краставички
1 кг морков
1/2 кг зелен домат
1/2 зелени пиперки
1 кг карфиол
1 кг зелка
За преливот:

750 мл алкохолен оцет
250 г шеќер
150 г сол
250 мл вода
1/2 литар масло
1 кесичка бибер во зрна

Начин на подготовка:
Сиот зеленчук се мие и се сече на кругови, а зелката на тенки резанки. Морковот малку се бланшира (околу 5 минути), се лади, па се сече исто така на кругови.

Во тенџере се става вода, оцет, шеќер, сол, масло и бибер и се вари на тивок оган до вриење. Кога ќе зоврие, смесата се прелева врз зеленчукот што се реди во тегли.Салатата е готова за употреба веќе наредниот ден. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published.