Уролог ја открил мрачната вистина за филмовите за возрасни: Како мажите го губат либидото и зошто не можат да имаат деца? Прочитајте!

Докторите тврдат дека сè повеќе мажи имаат проблем со сексуалната енергија, бидејќи „имаат мобилен телефон, филмови за возрасни и рака“, па поради тоа губат контакт со реалноста и природната способност за секс




Познат уролог предупредил на предностите и маните на гледањето филмови за возрасни. Тој истакнал дека мажите не се свесни за негативните страни на еротските филмови:




„Да почнеме од испитувањата на луѓе, не на одбрани пациенти, туку на обични граѓани, направени во Америка кон крајот на минатиот век. Тие испитувања покажаа дека 52 отсто од мажите имаат помалку или повеќе изразени нарушувања на еректилната функција.




Таа ситуација е многу лоша. Жените во 5 отсто од случаите никогаш не доживеале оргазам, иако 95 отсто од жените доживуваат оргазам со мастурбација, но со однос послабо. Тоа е она што сакам да го нагласам, дека односите се губат“, истакнал урологот.
Урологот открил дека пред 25 години мажите доаѓале кај него во ординација поради импотенција, но и поради страв од неуспех во креветот.




„Тоа се здрави и млади момци, но кога треба да стапат во односи, од страв доаѓа до пад на ерекцијата. Се лачи некаков адреналин и доаѓа до пад или до пребрза ејакулација. Тоа е последица на преголема желба“, објаснил докторот.
Токму затоа, мажите посегнуваат по лекови на кои брзо се навикнуваат.