УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица

Утре се слави големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен.
Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.




Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата.
Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.Симболиката на овој голем празник е да не се плашиме од с мртта, бидејќи таа е само премин од еден живот во друг. Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето.




Исто така и жените кои немаат деца веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба, поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската Градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите.
На иконите, овој празник обично е претставен со иконографија на креветот на кој лежи Богородица со прекрстени раце на градите. Од двете страни на креветот има свеќници со запалени свеќи.




Пред нозете на Богородица, Св. Петар согорува темјан, светиот апостол Павле и светиот апостол Јован се покрај нејзината глава, а другите апостоли се покрај креветот.
Присутни се и големите христијански писатели Свети Дионисиј Ареопагит, Иротеј и Тимотеј кои го држат Евангелието, а има и жени кои плачат. Над Богородица е Христос кој ја држи душата на Богородица во форма на дете, опкружен со светлина и ангели.Бидејќи на празникот му претходи двонеделен пост, на 28-ми август, особено жените одат на причест бидејќи овој ден се смета за празник на жените и мајките. Како светица, мајка и сопруга, таа е единствената што ја разбира душата на секоја жена.Луѓето сметаат дека Успението на Пресвета Богородица ја разбира женската мисла, болка и стра-дање. Бидејќи Богородица ја разбира женската мака, се смета дека оваа светица простува за гревовите.




Во некои области се верува дека во периодот помеѓу Мала и Голема Богородица, најдобро е да се соберат лековити билки кои третираат разни болести. На овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.




На овој ден, жените, не треба да работат некоја тешка физичка работа, да не се оптоваруваат во текот на денот и да имаат чисти мисли. Исто така се препорачува да не започнувате некоја нова работа на овој ден.
Се верува дека ако утре жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Утре не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.