УТРЕ Е МЛАДЕНЦИ- ЕВЕ КОИ СЕ ОБИЧАИТЕ ЗА ОВОЈ ДЕН

Утре се Младенци, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Се верува дека какво ќе биде времето за Младенци, такво ќе биде цела пролет“. Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост.

На овој ден именден празнуваат: Младен, Младенка…

Младите кои се венчале годината пред Младенци, на овој ден одат во црква каде ги палат свеќите од венчавката за да се догорат.

Вечерта на Младенци најчесто во домот на младите доаѓаат гости да им посакаат среќа во бракот и желби за новороденче. Во некои случаи на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Во минатото овој празник во Македонија го празнувале не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“. Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

На овој ден, според обичаите, жените стануваат рано и месат колачиња за долг, среќен и сладок живот, а потоа им ги нудат на гостите. Празникот секогаш се паѓа во време на пост, така што и храната која се подготвува за тој ден мора да биде посна.

Освен колачите, на Младенци се јаде мед, варена коприва и зелје за да се исчисти крвта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *