Фантастична торта со кисела павлака и мелени бисквити

СОСТОЈКИ:
1 пакување темни готови кори
750 гр шлаг




3 дл кисела вода
1 кг кисела павлака
300 гр шеќер во прав




600 гр мелени бисквити
1/2 л чоколадно млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Со миксер разматете шлаг со ладна кисела вода. Водата додавајте ја постепено, за шлагот подобро да се размати.




Во меѓувреме киселата павлака измешајте ја со шеќер во прав, па во тоа додајте мелени бисквити и убаво соединете. Во добиената смеса додајте уште 9 лажици разматен шлаг.




Ставете кора на тацна, натопете со чоколадно млеко па намачкајте со шлаг и преку со фил од бисквити. Повторете ја постапката со уште 2 останати кори. Од горе по желба прелијте со чоколадна глазура и украсете по желба.