Хит во здравата исхрана: Мајонез од авокадо

Дали обожавате мајонез? Не ништо повкусно од домашен мајонез, но најдобриот дел е што е лесно да се подготви. Сепак, класичниот мајонез е прилично калоричен.




Најважно е да знаете за домашниот мајонез е тоа што има пократок рок на траење – 5-7 дена. Исто така, не заборавајте да го ставите во стаклена тегла, веднаш штом ќе го направите. Ставете капаче или фолија за да спречите да се фати кора.




Станува збор за поздрава верзија која има сличен вкус на мајонезот.
Зад генијалниот рецепт стои Лорен Галучи од интернет страната „Sweet Laurel“, а сè што ви треба за рецептот се неколку состојки и блендер.




Еве како да го направите:
Потребни состојки:
3 авокада
2/3 шолја маслиново масло
1 лажица сок од лимон
1 лажичка сол
1 чешне лук
1 лажичка куркума
1 лажица кокосово млеко или кокосово масло
Сите состојки се блендираат додека не добиете компактна смеса која можете да ја јадете и до недела дена, ако ја чувате во фрижидер.