Чајот oд маточина – еликсир за цело тело

Започнете го денот со чај од маточина и веднаш ќе го почувствувате благодетот на овој напиток.

Чајот се користи против киселина во желудникот, надуеност, лошо варење, гадење, богат е со антиоксиданси, а исто така овој чај ќе ве ослободи од стрес, несоница, нервоза и анксиозност.

Има вкус и мирис на лимон, а во традиционалната медицина се користи и за разни заболувања, од здравје на дигестивниот тракт до зараснување на рани, како и за одржување на здравјето на срцето.

Маточината е растение со исклучително лековито дејство, а може да се одгледува во градина или на тераса во саксија.

Истражувањата покажуваат дека маточината е водечко растение за смирувачки, мирен и квалитетен сон, а многумина го нарекуваат и растение за „емоционално исцелување“.

Позитивно влијае и на здравјето на жените бидејќи ги намалува тегобите предизвикани од ПМС, а има и антивоспалителни својства, одличен е против воспаленија и вирусни инфекции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *