Четири намирници кои предизвикуваат запек

Ако не сте меѓу оние среќници кои имаат совршено варење на храната, тогаш знаете колку непријатен може да биде запекот.
Поради тоа треба да ја регулирате исхраната, а особено треба да избегнувате намирници кои предизвикуваат отежнато празнење на цревата.

Млечни производи
Не е тајна дека млечните производи може да имаат негативно влијание на дигестивниот систем, особено ако претерате со нив. Децата се особено чувствителни на кравјо млеко, а за луѓето кои страдаат од хронична тврда столица, докторите препорачуваат да консумираат растителни алтернативи.

Црвено месо
За ова не е виновно месото само по себе, туку затоа што зазема многу простор во желудникот. Луѓето кои јадат многу црвено месо не внесуваат доволно влакна, а покрај тоа црвеното месо содржи и многу маснотии. Ако веќе го обожавате, јадете црвено месо во ограничени количини, а другите оброци нека бидат богати со влакна.

Преработена и пржена храна
Брзата храна може да биде причина за тврда столица. Преработената храна е богата со маснотии, а нема многу влакна. Тоа особено влијае лошо на цревата и го забавува движењето на храна во дигестивниот систем.

Храна со шеќери
Ако во вашата исхрана има премногу благо тоа може да предизвика запек бидејќи таа храна нема влакна. Најлош запек предизвикуваат десеттите полни со шеќер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *