Чоколадни американски палачинки-лесни за подготовка а премногу вкусни

Состојки:
1 чаша брашно
2 јајца
1 чаша млеко
50 грама путер

60 грама шеќер
1 ванилин шеќер
4 лажици какао во прав
прашок за пециво
-малку сол

Начин на подготовка:
Тестото за овие палачинки е прилично густо бидејќи ова се американски палачинки за кои не ви треба масло. Количината на шеќер во рецептот може да ја прилагодите, а може да додадете и цимет. Како да направите чоколадни палачинки? Во голем сад ставете ¾ чаша млеко и додајде јајца, шеќер, ванила, пециво, брашно и какао.

Измешајте темелно додека сите состојки не се соединат. Останатото млеко загрејте го и додајте путер. Кога путерот ќе се стопи, ставете го во тестото и внимателно мешајте. Кога ја загревате тавата предлагаме да изберете средна температура.

Со голема лажица ставете го тестото во тава и пржете ги палачинките од двете страни додека не добијат убава златна боја. Готовите палачинки може да ги послужите со различно овошје, ореви, карамела и други десертни сосови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *