Чоколадни бомбици со овесни снегулки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
90 гр. овесни снегулки
60 гр. кокосово брашно
120 гр. путер од кикирики




80 гр. мелено ленено семе
30 гр. какао во прав
80 гр. рендана чоколада




110 гр. мед
1 лажичка екстракт од ванила
кокосово брашно за валкање




Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете ги сите суви состојки и промешајте. Потоа во садот додадете го путерот од кикирики, медот и екстрактот од ванила. Мешајте со дрвена лажица додека состојките се соединат.




Доколку смесата е премногу сува, во неа додадете уште малку путер и мед. Покријте ја смесата и ставете ја во ладилник да отстои околу половина час, така полесно ќе можете да ги формирате бомбиците.




По изминатото време, извадете ја смесата од ладилник и од неа формирајте топчиња, па секое топче извалкајте го во кокос. Складирајте ги во вакумска кутија и ставете ги во ладилник.