Чудата на светите бесребреници Козма и Дамјан

Serbian orthodox monastery Sopocani , near Novi Pazar, UNESCO World Heritage Cultural site

Чуда во манастирот Сопоќани
Манастир Сопоќани
Истерување на демон од опседната девојка
Овој случај на исцеление се случи во едно муслиманско ромско семејство кое живее во Нови Пазар. Станува збор за една девојка која страдаше од демон со кој беше опседната. Марија секојдневно добиваше напади, при кои се однесуваше неконтролирано рушејќи сè пред себе. Покажуваше натприродна физичка сила во однос на својата возраст, а имаше околу 15 години. Сите молитви кои ѝ беа читани, како и самиот чин на крштевање и прва причест беа проследени со неартикулирани движења и звуци. Особено внимание кај лекарите од ВМА2, кои во една прилика се нашле во храмот додека ѝ се читале молитви, им привлекол внимание предметот во вид на топка, кој од стомакот на Марија се издигнувал кога ѝ се принесувал крстот. Кога ја виделе оваа необична појава лекарите признале дека ова нема никаква врска со некоја одредена болест како што најпрво се сомневале, тогаш и самите признале дека овде се работи за чудо. Но најголема радост на крајот од сè е фактот, дека уште четири души беа приведени кон Црквата Божја. Имено, целото нејзино семејство прими свето крштение и сега се меѓу најревносните верници. Марија подоцна раскажуваше за тоа, како Светите Лекари самите ѝ се јавиле во сон додека ѝ се читале молитвите.

Исцеление на болен од тумор во мозокот
Следното големо чудо на Светите Лекари е поврзано со Јован Д. од Косовска Митровица, на возраст од околу 20 години, кој боледувал од тумор на мозокот. По утврденото заболување на клиниката на ВМА овој млад човек се подготвувал за многу ризична операција. Неговата роднина го довела во манастирот Сопоќани заради молитви десетина дена пред одењето во болница. Предопрационите испитувања кои биле извршени во ВМА покажале дека туморот веќе го нема. Сето тоа се случи во месец април 2003 година.

Исцеление на болната од туберкулоза на бубрегот
Неколку години наназад дојде една госпоѓа Наташа Ц. од Белград, инаку доктор на економија, и замоли свештеник да ѝ чита молитви за здравје пред моштите на Светите Лекари, бидејќи подолго време боледува од туберкулоза на десниот бубрег. По извесно време госпоѓата Наташа повторно го посети нашиот манастир, но овој пат не поради молитви, туку за да Му заблагодари на Бога и на Светите Лекари поради исцелувањето на оваа тешка болест.

Исцеление на болна од дископатија
Откако добила парче памук, натопено во маслото од кандилото кое гори над моштите на Светите Лекари, сестра Славица која боледуваше од дископатија (пукнат дискус помеѓу 4-5 пршлен), по прочитаните молитви, навечер пред спиење со тоа го намачкала болното место. Утрото, кога се разбудила, нејзината радост била неопислива, болките потполно исчезнале и таа се вратила на своите домашни работи и обврски кои потполно била спречена да ги врши.

Исцеление на бездетни брачни парови
Најголем број исцеленија има над бездетните парови. Млад брачен пар од Босна, бидејќи биле бездетни, дошле да им се прочита молитва за здравје, по што набрзо добиле два сина. Едниот е роден на Божиќ, а другиот на Петровден следната година.
Во почетокот од летото на 2003 година во манастирот дошол млад брачен пар од Нови Пазар, кој по неколку години во брак немале деца, над нив беа прочитани молитви и дадени им се одредени духовни совети. Два месеца подоцна овој брачен пар пак дојде но сега веќе за да Му заблагодарат на Бога и на Светите Лекари, бидејќи жената веќе беше во благословена состојба, поради што чувствуваа голема радост и благодарност.
Свештеникот и неговата сопруга од околината, три години немаа деца. По прочитаните молитви се случи исцеление на овие слуги Божји, кои за неколку месеци очекуваат принова.

Кражба на моштите
Уште едно големо чудо кое ни укажува на будното око на Божјата промисла е крадењето на моштите на Светите Лекари од нашиот манастир на 25/12 октомври 2003 година. Тројца бугари беа примени од страна на дежурниот јеромонах. Воведувајќи ги во црква свештеникот, по вообичаеното претставување на историјата на манастирот ги послужил гостите кои како и сите верници купиле свеќи и по некоја икона. И додека брачниот пар го муабетеле отецот со прашања, третиот ги извлекол моштите од кивотот. Не сомневајќи се воопшто и најљубезно испраќајќи ги гостите до автомобилот, отецот се вратил да ги целива моштите и да ја заклучи црквата, и тогаш забележал дека ги нема. Веднаш ги известил останатите браќа и веќе по неколку минути двајца монаси и еден гостин тргнале по нив. Со Божја помош, бидејќи не знаеле по кој пат би можеле да одат бегалците, го престасале автомобилот со кој крадците тргнале кон излезот од Нови Пазар. Случајот веќе беше пријавен во полицијата, која ги запрела бегалците и ги привела на распит. По повеќечасовно испитување крадците ја признале вината и укажале на местото каде што ги закопале моштите. Моштите се вратени во манастирот доцна во ноќта, околу еден часот по полноќ. Браќата и гостите кои се затекнале во манастирот ги дочекале моштите со биење на камбаните и веднаш бил испеан молебен канон на Светите Лекари. Со ова брзо враќање на моштите во манастирот, се потврди по којзнае кој пат љубовта и подготвеноста на Светите бесребреници Козма и Дамјан да ги услишаат молитвите на оние кои им притекнуваат барајќи помош од нив.

Чудо во манастирот Зочиште, Косово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *